Болницата во Дебар во 2023 година првпат доби мамограф

t

Министерот за здравство Беким Сали денеска ја посети Општата болница со проширена дејност во Дебар, која со здравствена услуги ја покрива и општина Центар Жупа.

Денеска сме во посета на болницата во Дебар со цел да го предадеме во употреба апаратот-мамограф. Редовно комуницираме со здравствените установи кои не информираат што им недостига, за подобра здравствена заштита. Во разговор со директорката на оваа установа бев информиран дека приоритет е обезбедувањето ваков апарат, за навремено дијагносицирање на рак на дојка, кој ќе биде во служба и на жителките од соседните општини, рече министерот Сали.

Според него, дигиталниот апарат е во вредност од 45 илјади евра, производство е на „Сименс“ и е со висока ефикаснст.

Упатувам апел до сите жени од 45 до 63-годишна возраст од поширокиот регион да се јават во оваа установа во рамки на програмата за скрининг. Исто така со оваа програма се опфатени и жени на возраст од 24 до 45 години кои имаат предиспозиција за оваа болест, посочи Сали.

Директорката на болницата Севдие Коџа изрази благодарнот од име на установата и од, како што рече, сите жени до министерот и до ресорното министерство.

За нас како установа ваков апарат беше повеќе од неопходен. Благодариме на грижата на министерот и министертвото, со чие залагање дебарската болница првпат во историјата на постоењето добива ваков апарат, рече Коџа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…