Објавено на:

ИМА ЗАГИНАТИ: Земјотрес од 5,1 степен по Рихтер во Индонезија

t

Земјотрес ја погоди најисточната индонезиска провинција Папуа при што загинаа четири лица кои не можеле да побегнат од пловечки ресторан откако тој се превртел во морето.

Американскиот Национален геолошки институт соопшти дека земјотресот со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ги погодил станбените области во градот Џајапура, во близина на источниот брег на Папуа, а неговиот епицентар бил на длабочина од 22 километри.

Нуркачите го пребарале просторот околу местото каде загинале четирите лица. Оштетени се и куќи, згради и медицински установи.

Серија силни земјотреси ја потресуваат Папуа од јануари. Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика соопшти дека од 2 јануари досега имало 1.079 земјотреси во градот Џајапура и неговата околина, а 132 од нив биле доволно силни за да ги почувствуваат жителите. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во БИХ, почувствуван и во Хрватска…

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…

Земјотрес рано утрово во Словенија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според…

Силен земјотрес на Камчатка

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според…

Папата Франциск на најдолго патување надвор од…

Папата Франциск пристигна во Индонезија, првата станица…

Предупредување за мегаземјотрес во Јапонија! Премиерот ги…

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа патувањето…