Пендаровски: Сочувство до семејството на Благојче, државата веднаш да го набави лекот „Трикафта“

t

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски, велат дека претседателот Пендаровски искрено сочувствува со семејството на починатиот Благојче Илиевски.

Точно е дека претседателот Пендаровски има одржано не една, туку повеќе средби со здруженијата на граѓани болни од цистична фиброза на нивно барање. И не само со нив, туку и со многу други здруженија на граѓани во кои членуваат или работат со граѓани од ранливите групи, истакнуваат од неговиот Кабинет.

„Секогаш и безусловно претседателот и Кабинетот се заложуваат да решат што повеќе системски проблеми што ги имаме во нашата држава независно што не спаѓаат во неговите надлежности. Во однос на обезбедување на лекот ’Трикафта‘, претседателот Пендаровски, како и членовите на неговиот Кабинет, имаше комуникација и даде повеќе предлози до надлежните институции: Владата, министерот за финансии, министерот за здравство и до менаџерскиот тим на Фондот за здравствено осигурување за тоа како и од каде да се обезбедат средства за набавка на лекот“, потенцираат службите на Пендаровски.

Додаваат дека претседателот Пендаровски, смета дека државата треба да најде начин, кој е најсоодветен, за да се набави лекот „Трикафта“ веднаш

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…