Првиот човек на МОК ги нарече Украинците жални: Нека не се закануваат и создаваат тензии во спортот
Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет, ги повика лидерите на Украина да престанат да се закануваат со бојкот на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Првиот човек на олимпиското движење истакна дека ваквите закани се „за жалење“.
Се започна кога МОК објави дека ќе ја разгледа можноста руските и белоруските спортисти да учествуваат на Игрите во Париз под неутрално знаме.
Од Украина стигна предупредување дека може да ги бојкотираат игрите во Париз и дека тоа ќе го сторат уште неколку европски земји, пренесува Спутник.
Володимир Зеленски, претседателот на Украина, истакна дека со дозволувањето на Русите и Белорусите да учествуваат, Меѓународниот олимписки комитет ќе му покаже на светот „дека теророт е прифатлив“.
„Не ми се допаѓа како се однесуваат челниците на спортот во Украина. Тие се обидуваат да создадат тензии пред да донесат одлука, а тоа е во најмала рака жално“, рече Бах.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова дисциплинска од судот во Стразбург за…
Европскиот суд за човекови права во вторникот…