(Видео) Македонските војници во Турција помогнаа во извлекување на 5-годишно дете од под урнатините

t

Армијата помогна во успешната акција за извлекување на 5 годишно дете од урнатините во Кахраманмараш, објавија од Фејсбук профилот на Армијата на Република Македонија, каде споделија и видео од извлекувањето на малиот Сулејман од под урнатините.

– Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините.

По шестчасовно расчистување на рушевините и дополнителни четири часа успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман. – соопштија од таму.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…

Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…

Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…

Голем пожар избувна во живинарска фарма во…

Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…

Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…

Размена на тешко ранети војници и можна…

На денешната средба помеѓу руската и украинската…