САД ќе обезбедат 85 милиони долари хуманитарна помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија
САД ќе обезбедат 85 милиони долари хуманитарна помош за погодените од разорниот земјотрес во Турција и Сирија.
– Ова ново финансирање ги поддржува хуманитарните партнери на УСАИД да ја испорачаат итно потребната помош за милиони луѓе во Турција и во Сирија, соопшти американската Агенција за меѓународен развој во соопштение.
Помошта вклучува храна и засолниште за бегалците и оние кои се раселени, како и зимски резерви за помош на луѓето на многу ниски температури, поддршка за траума, чиста вода за пиење и помош за санитарни услови.
УСАИД распореди тим за одговор при катастрофи, кој е составен од 200 луѓе и 12 кучиња и работи вон градовите Адијаман, Адана и Анкара.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со…
Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи,…
Трамп: „Војната со Иран ќе заврши по…
Во време кога војната со Иран почнува…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…