Нè искараа како мали деца: Европската комисија бара да нема непотребни тензии меѓу Скопје и Софија
Европската комисија (ЕК) многу внимателно го следи развојот на настаните поврзани со односите меѓу Бугарија и Македонија, соопштиле од Брисел како одговор на прашање на „БНТ“.
Од таму не ги коментирале настаните на границата за време на викендот и чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, велејќи дека не ги коментираат тековните истраги или правните постапки.
ЕК потсетила на важноста на добрососедските односи.
-Во овој контекст, потребни се напори од сите страни да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да се избегнуваат непотребни тензии, истакнале од ЕК.
Пре два дена, Комитетот на министри на Советот на Европа ја усвои резолуцијата за национални малцинства во Македонија, со која се утврдува дека не постои основ за тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата во земјава.
Одбивајќи ги сите амандмани на Бугарија, Комитетот на министри во целост ја прифати аргументацијата и ставовите на македонското Министерство за надворешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…