Известување од Амбасадата на Турција: Материјалната помош треба да биде нова, пакетирана и согласно зимските услови

t

Амбасадата на Република Турција во Скопје известува дека при пренос на материјалната помош до погодените места од земјотресот треба да се има предвид дека надлежни за собирање на донациите се Црвениот крст и Заедницата на единици на локална самоуптрава. Материјалите што ќе бидат испратени во вид на материјална помош треба да бидат нови, пакетирани, согласно зимските услови и на пакетите на турски јазик јасно да биде напишан видот на материјална помош.

На самиот пакет како примач на материјалната помош во Туркије во вид на етикета треба да се наведе „Ankara Sosyal Yardımlaşma ve Dayanışma Vakfı”. Материјалната помош која ќе биде пратена по копнен пат, во Ипсала и Капикуле ќе бидат прифатена во центрите на собирање помош на Вилајетот на Едрене. На следниот линк може да го најдете списокот на центрите за собирање помош, се вели во соопштението.

Од Амбасадата додаваат дека правните лица можат да пратат материјална помош со царинска декларација, а сите детални податоци се објавени на веб страницата на Царинската управа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени 40 припадници на Исламска држава во…

Повеќе од 40 лица се приведени во…

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…

Официјално: ТУРЦИЈА ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ!

Турција официјално ја одобри екстрадицијата на првоосомничениот…

Спречен терористички напад во Турција: Уапсени седуммина…

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја…

Девет железничари во Турција осудени на над…

Судот во Турција осуди деветмина железничари на…