МКЦ е солидарност: Хуманитарен настан за помош на погодените семејства во Турција и во Сирија
МКЦ е институција која е изградена благодарение на светската #солидарност кон #Скопје, со обединувачка мисла – да се сплотиме заедно во моменти кога хуманоста и сочуството се најважни, стои во најавата за хумантарниот настан што утре ќе се одржи во МКЦ;
Во ек на разврската со случувањата по повод катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, МКЦ заедно со долгогодишните соработници на институцијата, организира хуманитарен настан за погодените семејства.
18 февруари [сабота]
19:00
Програма:
19:00 Аукција на уметнички дела:
…на голем одзив на бројни домашни реномирани ликовни артисти чии имиња и дела ќе ги објавиме наскоро. Аукцијата на делата е во соработка со Друштвото на ликовни уметници на како и уметници кои биле дел од ликовната програма на МКЦ.
19:30 Театарска претстава:
“Шопинг и факинг” во режија на Шенај Мандак, продукција НУ Турски театар Скопје
21:00 Музичка програма:
Добрила и Доријан дуо
Cruel
Џенгиз Ибрахим
Зарина Првасевда
Калата
+more TBA
Во Џебното кино, ќе можеме да уживаме во серијалот “Турски чај” на драгата Петра Селишкар.
Билетите за музичката програма и претставата засебно изнесуваат симболични 150 денари [bileti.mkc.mk].
Проекцијата во Џебно кино е бесплатна.
Средствата од делата кои ќе бидат продадени на аукцијата директно ќе бидат донирани во кутии за донации поставени од Црвениот крст на Град Скопје.
Средствата собрани од продадените билети (ве охрабруваме да купите и повеќе), ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите од земјотресот на Црвениот крст на Град Скопје, отворена за таа намена.
Благодариме на сите уметници и музичари кои учестувуваат без надомест, како и на драгиот Сали Ертунч за прекрасниот дизајн.
За солидарно Скопје!
18.февруари (сабота)
19 часот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…
Приведен гевгеличанец: Пијан нападнал полицаец додека извршувал…
Полицијата во Гевгелија приведе 51-годишен жител на…
(Видео) Локализиран пожарот кај село Бибај, Маврово:…
Пожарот што избувна во близина на село…