Денес се празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј
Главното празнување на свети Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архијереј. Кога свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт и фрлен пред ѕверовите во Големиот циркус.
Ѕверовите го растргнаа и тој Му ја предаде својата душа на Бога. Тогаш неговите следбеници ги собраа неговите соголени коски, ги пренесоа во Антиохија и чесно ги погребаа. Но кога Персијците ја зазедоа Антиохија во 6 век, моштите на свети Игнатиј повторно ги вратија од Антиохија во Рим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…
Приведен гевгеличанец: Пијан нападнал полицаец додека извршувал…
Полицијата во Гевгелија приведе 51-годишен жител на…
(Видео) Локализиран пожарот кај село Бибај, Маврово:…
Пожарот што избувна во близина на село…