Акциска контрола во угостителски објекти: 5 лица приведени, пронајдена дрога, точење алкохол на малолетнци
Денеска (11.02.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во во угостителски објекти на територијата на цела држава.
При контролата, приведени се пет лица од кои три по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај нив била пронајдена дрога, едно лице поради сторено прекршување на член 80 од Законот за оружје и едно лице поради точење на алкохол на малолетници по член 204 од Кривичниот законик.
При тоа констатирани се 70 прекршувања од Законот за угостителска дејност, од кои три за присуство на малолетници по 00.00 часот, две поради прегласна музика…
Акциските контроли во угостителските објекти продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…
Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…
Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…
Во масовно пукање во градот Ири, во…
Москва ја поздрави пораката на Трамп за…
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…