Османи: Припадници на Вагнер ѝ помагаат на Србија да го нападне Косово

t

Платеници од руската паравоена група Вагнер, заедно со српски паравоени формации, шверцуваат оружје и неозначени воени униформи во Косово, изјави косовската претседателка Вјоса Османи за британски „Телеграф“.

Во интервју за брутанскиот весник, Осман тврди дека тајната операција е дизајнирана за да се постават темелите за потенцијален хибриден напад од Србија на територијата на Косово.

Овие наводни подготовки на Србија се одвивале паралелно уште од припојувањето на Крим кон Русија во 2014 година, кога, наводно, руски војници во униформи без никакви ознаки го подготвиле патот за референдумот на полуостровот и негов влез во Русија.

Тие носат оружје и униформи, но формално не се дел од српската војска. Србија сака да ги постигне своите цели без да ја нарече воена операција, вели Османи.

Косовската претседателка вели дека целта на Србија е „да ја подготви ситуацијата за можна анексија – не преку традиционална воена операција, туку преку хибриден тип на напад“.

Ако погледнете што направи Путин во 2014 година, тоа е од истата книга. Прво ги инструментализираше Русите кои живееја таму, потоа правеше секакви лажни операции и потоа ги испрати овие паравоени групи. Има јасни докази дека српските паравоени групи го планирале и организирале ова (со Вагнер). Колку од нив имало на граница или на територијата на Косово е прашање што се уште се истражува. Нивните намери беа очигледно агресивни. Тие градат ровови и барикади во воен стил. Од оној тип што би можеле да го користат за да се борат, вели Османи за „Телеграф“.

Србија досега неколкупати негираше дека платеници од Вагнер групата имале некаква улога во конфликтот со Косово.

Коментирајќи ги тврдењата дека српскиот претседател Александар Вучиќ не би се осмелил да изведе напад каде што е распореден КФОР, Османи вели дека не е толку убедена.

Два или три дена пред војната во Украина, слушнав толку многу светски лидери како велат:

„Путин не е толку глупав, нема да го направи тоа“. Така слушаме сега за Вучиќ – „не е толку глупав, нема да го направи тоа“.

Фактот дека Кфор е во Косово „не значи дека Вучиќ никогаш не би се обидел. Не велам дека ќе го направат тоа, но секогаш треба да бидеме подготвени да спречиме такво сценарио“.

Интересот на Русија е да го искористи Западен Балкан, преку Србија како тројански коњ, за да ги нападне системите засновани на вредности како НАТО и ЕУ.

Колку повеќе безбедносни тензии создаваат, толку се помали нашите шанси да влеземе во ЕУ. Некогаш тоа го прават во Црна Гора, некогаш во Босна и Херцеговина, некогаш во Косово, а проблеми создаваа и во Македонија, вели Османи.

Таа ја обвини Србија дека Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина ги гледа како „привремени земји“ кои Белград сака повторно да ги апсорбира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Загина 19-годишен возач во Србија, со автомобилот…

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево кај…

„Тешки сме Драгане“: Заглави автобусот со кој…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…