Тетовци собраа 13.500 евра донации за Турција и Сирија
На жиро сметката која наменски е отворена од Општина Тетово за да можат граѓаните да донираат парични износи со цел помош за подрачјата погодени од земјотресот во Турција и во Сирија, за два дена се собрани 834.430 денари (13500 евра).
Според објавата на Општина Тетово на социјалните профили, поединично најголем износ е 50.000 денари.
-Сакаме да ви се заблагодариме за покажаниот човечки дух и великодушност. За само два дена граѓаните донираа средства во вредност од 834.430 денари за жителите на Турција и Сирија. Исто така, ве известуваме дека вечерва ќе бидат затворени собирните пунктови за облека или разни предмети. Единствената акција што ќе продолжи ќе биде преку банката, каде што граѓаните ќе можат да донираат финансиски средства. Заедно да стоиме со турскиот и сирискиот народ, порачаа од Општина Тетово.
Жителите на Тетово неколку дена имаа можност облека, конзеревирана храна, греалки, ќебиња и друг вид предмети на два собирни пунктови на плоштадот и во спорската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.
Граѓаните и понараму може да донираат на Трезорска сметка: 100000000063095 Сметка: 769014090878975 Транзитен број: 725916 Програма: 00
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…