Грчкиот МНР во знак на солидарност ја посети Турција
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас денеска пристигна во Турција, во знак на поддршка за оваа земја која беше погодена од разорен земјотрес, пишува „Гардијан“.
Дендиас беше пречекан од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пред да го одведат со хеликоптер во областите погодени од земјотресот, пишува британскиот весник.
Неговото пристигнување е прва посета на европски министер на Турција по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија. Двајцата министри патуваат за Антакија, каде грчките спасувачи помагаат во операциите за пребарување и спасување. Од грчкото МНР соопштија дека ќе ги посетат и членовите на грчката хуманитарна мисија во земјата.
Владата во Атина досега испрати 80 тони медицинска опрема и средства за прва помош во Анкара.
Како што е соопштено, грчкиот министер за надворешни работи ќе разговара и за начините на кои Грција може да обезбеди дополнителна помош за Турција.
И покрај долгата историја на ривалство со Турција, Грција беше меѓу првите европски земји што испрати спасувачи и хуманитарна помош, неколку часа по катастрофата, потенцира весникот „Гардијан“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција: Длабоко сме загрижени, може да има…
Турција предупреди дека нападот на САД врз…
Грчките власти ги предупредуваат туристите поради зачестените…
Наглите промени на времето во Грција, ги…
Жена од Македонија се удавила во Грција
Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…