(Видео) 19-годишно момче снимало 63 часа под урантините: Ископав дупка за воздух, не сакам да умрам млад, ако преживеам…

t

Средношколецот Гуркан Озтурк, кој 63 часа по земјотресот беше спасен од под урната петкатница во турскиот град Хатај, со својот мобилен телефон ги снимил часовите што ги поминал под урнатините, јавува Анадолу.

Озтурк (19) во моментот на земјотресот, на 6 февруари, бил во куќата на својот дедо во Антакија, каде што заминал да учи. Поради силен земјотрес зградата се урна. Куќата на неговите родители, каде што биле неговиот татко, мајка и брат, не е оштетена.

Озтурк ги снимил моментите поминати во малиот простор кој му овозможил да преживее со својот мобилен телефон.

Првите зборови на видеото на кое се гледаат само неговата рака во тесен простор покриен со урнатини се: „Ме фати земјотрес. Боже да ми помогнеш, се надевам дека сите се добро. Не сакам да умрам млад“.

Во моментите кога ги почувствува последователните потреси под урнатините, Озтурк рече:

„Пријатели, поминаа скоро 40 минути внатре, мислам дека успеав да направам празнина каде што ми се нозете, ископав со врвот на раката и ја пополнив празнината со камења да не се урне. Одоздола чувствувам ладен воздух, мислам направив дупка низ која можам да дојдам кислород. Да видиме дали ќе го преживееме земјотресов? Ако го преживеам овој земјотрес мислам дека ќе ценам работите во животот се подобри. Има уште многу луѓе да се сакаат. Ги сакам сите многу, посебно мама, тато, браќата. Не плашете се, се надевам дека не сте тажни. Не знам што се случува таму надвор, но се надевам дека нема да има големи проблеми. Веројатно тоа е само нешто со неколку стари згради“.

На видеата се гледа како младиот човек удира со камења во ѕидот за да го слушнат спасувачките екипи. Голема радост дојде кога го слушна гласот на својот татко Ертугрул Озтурк.

Озтурк, кој дал информации за неговата здравствена состојба и околината во која се наоѓа удирајќи со камења во ѕидот еднаш или двапати со помош на татко му, со овој начин на комуникација значително им ја олеснил работата на спасувачките екипи, при што бил спасен по 63 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…