Објавено на:

Нова офанзива на Украина? Кулеба: На 24 февруари ќе му биде испратена многу јасна порка на Путин

t

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави дека на 24 февруари, на годишнината од рускиот напад врз Украина, ќе биде испратен „многу јасен сигнал“ до рускиот претседател Владимир Путин.

Кулеба, одговарајќи на прашањето за акциите за поддршка на Украина до 24 февруари, рече дека ќе има различни настани во ОН, во Киев и во многу светски метрополи и дека тоа ќе испрати многу јасен сигнал до Путин дека е во сериозна грешка ако игра на исцрпеност и смета дека времето е на негова страна, бидејќи единството со Украина расте секој ден, пренесува Униан.

Кулеба оцени дека е многу важно американскиот претседател Џозеф Бајден да ја посети Полска од 20 до 22 февруари, но додаде дека не се работи само за таа посета, туку за неколку настани во различни градови, чиј ефект ќе биде кумулативен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската амбасадорка привремено ја напушти Русија!

Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси…

Путин: Не одбиваме дијалог со Западот, изборот…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше свечено…

Полскиот министер за одбрана: Нема да испратиме…

Полска не се подготвува и нема да…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

Руската разузнавачка служба: САД му бараат замена…

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да…