Што се случува? САД им порача на своите државјани да ја напуштат Русија
САД им порачаа на своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија поради војната во Украина, бидејќи им се заканува некој вид одмазда, односно агенциите за спроведување на законите во таа земја може неоправдано да ги приведат или вознемируваат.
„Американските граѓани кои живеат во Русија треба веднаш да ја напуштат таа земја. Бидете особено внимателни од произволни апсења. Не патувајте во Русија“, се вели во соопштението на Американската амбасада во Москва, а пренесува „Гардијан“.
САД постојано ги предупредуваа Американците да ја напуштат Русија. Последното вакво официјално предупредување беше издадено во септември минатата година, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација.
„Руските безбедносни служби уапсија американски државјани врз основа на лажни обвиненија, ги приведоа и вознемируваа, им ускратија фер и транспарентен третман и ги осудуваа во тајни судски процеси или без приложување веродостојни докази“, соопшти амбасадата.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…