Чудата не престануваат: Маж спасен по 167 часа под урнатините во Антакија
Во областите на Турција погодени од силни земјотреси минатата недела, спасувачките тимови се во трка со времето за да ги извлечат можните преживеани од под урнатините, и покрај предупредувањата од релевантните агенции и власти дека шансите да се случи такво нешто се многу мали. И покрај тоа, од тој дел на земјата продолжуваат да пристигнуваат неверојатни сцени. По 167 часа, маж е спасен од под урнатините во градот Антакија, во провинцијата Хатај, јавува Си-Ен-Ен Турк.
На социјалните мрежи утрово кружи видео, а кое го пренесоа локалните медиуми, покажува како спасувачите извлекуваат маж, по што тој се прегрнува со нив.
Претходно во неделата, 55-годишна жена беше извлечена од урнатините по 159 часа, додека 85-годишна жена беше спасена по 152 часа заробена во, како што опиша нејзиниот внук, празнина од околу 30-40 сантиметри, пренесува Си-Ен-Ен Турк.
Две лица, еден 25 годишен Сириец и едно дете беа спасени во Хатај околу 151 и 152 часа по земјотресот, соопштија локалните власти во неделата.
Еден човек бил спасен откако тимовите за итни случаи откриле звуци под урнатините додека вршеле звучно истражување во урнатините на станбена зграда во Антакија, соопштија локалните власти.
Технологијата ја користеа и тимовите за да го пронајдат детето, чија возраст не беше објавена.
Најмалку 41 лице беа спасени од урнатините во Турција помеѓу 141 и 163 часа по земјотресот, објави утрово државната новинска агенција Анадолија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…
Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…
Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…
Размена на тешко ранети војници и можна…
На денешната средба помеѓу руската и украинската…