Објавено на:

(Видео) Неверојатна глетка: Астеротид експлодираше над Ламанш

t

Астероидот Сар2667, со големина од еден метар, во раните утрински часови влезе во атмосферата на Земјата и експлодирал над Ламанш. На снимката се гледа како се појавува низ небото како ѕвезда што паѓа, а потоа експлодира. На овој настан посведочиле жители на поголемиот дел од јужна Англија и Велс, како и граѓани на Париз, пишува британски „Телеграф“.

“Ѕвездите” кои паѓаат се всушност ситни метеори, односно зрна прашина кои летаат во нашата атмосфера со брзина од неколку десетици километри во секунда, изгоруваат и оставаат светла трага.

Американскиот физичар Марк Бослаф од Националната лабораторија во Лос Аламос изјави за „Велс онлајн“ дека таквите настани ретко се откриваат однапред, иако се случуваат неколку пати годишно. Тој рече дека ова е „само седми пат како предвидуваме ваква експлозија и додаде дека метеоритите, доколку ги има, би можеле да паднат во близина на Ројвил во Франција“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сондата на НАСА, со примерок од астероидот…

Сондата „ОСИРИС-Рекс“ на НАСА слета на Земјата,…

НАСА следи астероид кој би можел да…

НАСА следи астероид кој би можел да…

(Видео) Неверојатна глетка: Астеротид експлодираше над Ламанш

Астероидот Сар2667, со големина од еден метар,…

(Видео) Астероид со големина на четири Ајфелови…

Астероидот 2001 CB21, со големина на четири…

Астероид со големина на автобус се приближува…

Според американската вселенска агенција NASA, астероидот 2014…