Доларот не престанува да расте
На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми минатата недела, вторпат по ред, откако челниците на американската централна банка изјавија дека можат да ги зголемат каматните стапки повеќе од очекувањата на пазарот.
Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,5 отсто, на 103,58 поени.
Истовремено, доларот во однос на европската валута зајакна за 1,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0675 долари.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута зајакна за 0,1 отсто на 131,35 јени.
Зајакнувањето на доларот е благодарение на пораките на ФЕД дека и покрај забавувањето на инфлацијата во САД, ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки.
Претседателот на централната банка Џером Пауел изјави дека инфлацијата почнува да се намалува, но дека тоа ќе биде долг процес и оти каматните стапки би можеле да пораснат повеќе отколку што очекува пазарот, доколку економските показатели не се во согласност со очекувањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маск верува дека доларот може да стане…
Eлон Маск предизвика бројни реакции поради објавата…
Фајненшл Тајмс: Инвеститорите го избегнуваат доларот
Менаџерите со средства овој месец ги продаваат…
Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа
Во Азија цените на акциите се зголемија,…
Светската економија пред колапс! Што сакаше да…
Претседателката на Европската ценатрална банка го испеа…
Драстичен пад на доларот, зајакна еврото!
На глобалните пазари, вредноста на доларот во…