Ѓоковиќ наскоро ќе го собори рекордот на Штефи Граф и ќе стане апсолутен тениски владетел
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна 376-та недела на врвот на АТП листата.
На српскиот тенисер му и треба само уште една недела на чело на АТП листата за да го израмни апсолутниот рекорд, кој го држи поранешната германска тенисерка Штефи Граф. Славната Германка 377 недели беше на врвот на ВТА листата.
Ѓоковиќ е на врвот на листата на најдобри тенисери во светот со 7.070 поени, втор е Шпанецот Карлос Алкараз со 6.730, а трет е Гркот Стефанос Циципас со 5.940 поени.
Четврти тенисер во светот е Норвежанецот Каспер Руд, а зад него се Русинот Андреј Рубљев и Шпанецот Рафаел Надал. Американецот Тејлор Фриц напредуваше за едно место и сега е седми на АТП листата, додека Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасиме падна на осмата позиција. Данецот Холгер Рун е деветти, а Полјакот Хуберт Хуркач е на десеттото место на листата на најдобри тенисери во светот.
Кај останатите српски тенисери, Миомир Кечмановиќ го задржа 33. место на АТП листата, додека Ласло Џере напредуваше пет позиции и моментално е 57. играч во светот.
Филип Крајиновиќ напредуваше за две позиции и сега е 69. играч на АТП листата, а Душан Лајовиќ е 90. тенисер во светот.
Следната АТП листа ќе биде објавена за една недела
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…