Објавено на:

Столтенберг: Испраќање на борбени авиони ов Украина не е приоритет

t

Генералниот секратар на НАТО, Јенс Столтенберг на денешната прес конференција во Брисел во однос на испраќање на борбени авиони како помош за Украина, рече дека тоа е добра дебата, но во моментов важно е да продолжи редовна и навремена помош во другите форми, како тенкови, оружје и муниција.

Се отвори дебата за помош со борбени воени. Но, она што е потребно е брза поддршка. Поддршката во борбени авиони ќе одземе повеќе време, а потребно е брзо да се делува. Помош во тенкови, муниција, резервни делови и оружје во моментов е најважна. Дебатата за помош во друга форма е во ред, но мора да се обезбеди редовна достава на она што е најпотребно, рече Столтенберг.

Тој додаде дека не може да знае како Русија и Владимир Путин ќе се однесуваат во иднина, но од она што се гледа на терен, не се подготуваат да се повлечат

Не сакам да шпекулирам што Путин ќе направи на 24-ти, на годишнината од војната. Но, гледаме дека испраќаат се повеќе сили и оружје.
Војните се опасни и опасни работи се случуваат секој ден. Затоа сме толку претпазливи во НАТО, да спречиме ескалација надвор од Украина. Затоа ги зголемивме трупите на источниот дел на Алијансата. Тоа го направивме да осигураме дека војната нема да се прелее надвор од границите на Украина, но и за да можеме полесно да ја поддржуваме Украина. НАТО не е дел од конфликтот, но ја поддржуваме Украина, заклучи Столтенберг.

Според генералниот секретар на НАТО, војната во Украина не го смени НАТО, туку ја покажа неговата важност и важноста на колективната одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…