(Видео) Подметнат експлозив уништи хотел во Саранда во Албанија
Хотелот Бизанти на градското шеталиште во градот Саранда во Албанија утрово е дигнат во воздух.
Во внатрешноста имало подметнат експлозив од типот тротил. Хотелот целосно е урнат. Нема повредени, но има многу преплашѓени жители на Саранда кои утрово се разбудиле од силната експлозија, известува албанскиот ТВ Клан.
Експлозијата е снимена со безбедносни камери. Полицијата истражува, а албанските медиуми шпекулираат дека е можно експлозивот да бил подметнат во рамки на пресметките на двајцата сопственици на хотелот кои се со нарушени односи и се судат околу сопственоста на хотелот Бизанти.
Жителите на околните згради претрпеле штета од експлозијата, има многу искршени излози и стакла од апартманите. Местото на експлозијата е на 50-тина метри од морето покрај кејот на градското шеталиште во Саранда. Остатоци од демолираниот и урнат хотел се обезбедуваат од полицијата.
Саранда е град во јужна Албанија, на Јонското Море и се наоѓа на 20-тина километри од копнената граница со Грција, односно спроти островот Крф. Ова туристичко место е популарно и посетувано од туристи од Македонија.
Во продолжение видеото од прилогот на ТВ Клан Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…