Заменик-министерот за локална самоуправа од редовите на ДС поднесе оставка од функцијата
Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски Жоро, кој доаѓа од редовите на Демократскиот сојуз, поднел оставка од функцијата и истата ја доставил до премиерот Димитар Ковачевски, информира за „360 степени“ лидерот на ДС Павле Трајанов.
Ваквиот потег на Димитровски доаѓа по вчерашната одлука на партиските тела на ДС, партијата да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција.
ДС има една директорска позиција во Јавно претпријатие, односно во Службен весник, и согласно партиската одлука, и тој треба да поднесе оставка од функцијата.
„Одлуката е сите носители на функции од нашата партија да си поднесат оставки“, изјави Трајанов за „360 степени“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…
ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски…
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет…