Град Скопје ќе ја реконструира улицата „Радишанска“
Градот Скопје во континуитет ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните, која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура.
– Со исполнување на ветувањето за целосна реконструкција на една од најважните сообраќајници под надлежност на Град Скопје во општината Бутел, улицата „Радишанска“ се обновува во должина од 1.100 метри, велат од Град Скопје.

Од градот најавија дека ќе го реконструираат коловозот на улицата на површина од 7.363 м2, рабниците и тротоарите, а граѓаните од овој дел на градот, ќе добијат соодветно партерно уредување и реконструкција на последната автобуска постојка на линијата број 57, информираат од Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…
(Видео) Трамп: Мислам дека е време Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според…
(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…
(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…
Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…
(Фото) Сообраќајка пред влезот на Клиничкиот центар…
До нашата редакција пристигнаа фотографии од сообраќајна…