Бугарски европртатеник: Бугарите во Македонија ја плаќаат цената на европската рамнодушност

t

На 19 јануари во Охрид, “македонскиот Бугарин” Христијан Пендиков беше тешко претепан од негови сограѓани. Ова е трагично потсетување дека во земја која е кандидат за членство во Европската унија, да се биде Бугарин е опасно. И ова не е прв случај на насилство. Недостасуваше реакција од Брисел, истакнал од Стразбур бугарскиот европратеник Иво Христов.

„Европската комисија и некои европски лидери ги игнорираа предупредувањата на бугарскиот претседател дека политичарите во Скопје немаат волја да ги решат отворените прашања. Бугарското вето на преговорите беше укинато со притисок однадвор, со нарушување на критериумите на Унијата за членство“, додал Христов.

Според него, „денес Бугарите во Република Македонија ја плаќаат цената на европската рамнодушност кон историските трауми и културните зафати на Скопје“.

„Ги повикувам Европската комисија и комесарот за проширување да заземат принципиелен став за строго да се почитуваат духот и словото на евроинтеграциите“, го завршил својот говор Христов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…