Бугарија бара да се отворат гласачки места во Кавадарци и Прилеп за парламентарните избори на 2 април
„34 земји дадоа дозвола за одржување избори на нивна територија. Австрија само даде согласност за одржување избори во нашите дипломатско-конзуларни претставништва таму, изјави Иван Кондов, постојан секретар на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и претседател на работната група „избори“ при МНР, јави известувачот на БГНЕС.
Работната група „Избори“ при министерството и предлага на ЦИК за изборите на 2. април да не се отвораат гласачки места во одморалиштата во Грција и Турција, бидејќи не се очекува таму да има бугарски гласачи. на денот на гласањето.
Наместо тоа, се предлага да има секции во Република Македонија, по предлог на бугарскиот конзул во Битола, во Кавадарци и Прилеп.
Во однос на односите мешу двете земји, Заменик министерот за надворешни работи Костадин Коџабашев изјави дека се започнати конзуларни консултации на кои „ќе инсистираме на преземање конкретни заложби за надминување на проблемите“.
„Предвидуваме овие консултации да се одржат до крајот на месецот во Софија. Од РСМ беа побарани политичко-конзуларни консултации, но ние претпочитаме да се држиме до сегашните формати“, истакна уште заменик министерот, по што прецизираше дека одбивањето на РМ да дозволи бугарски државјани да ја преминат македонската граница во чест на споменот на Гоце Делчев на 4-ти февруари е неприфатливо за земја со претензии за членство во ЕУ.
Во однос на опструкциите на независните медиуми, Коџабашев прецизираше дека ниту една земја не може да си дозволи да ги опструира нивните активности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…