Ковачевски: Министерството за здравство и ФЗО веќе работат со потенцијални добавувачи на лекот „трикафта“
Министерството за здравство (МЗ) и Фондот за здравство (ФЗО) заедно со клиниките што се задолжени за пациентитите со цистична фиброза – Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести веќе работат со потенцијални добавувачи на лекот што им е потребен на овие пациенти.
Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски, кој смета дека во периодот што следи пациентите со цистична фиброза ќе го до добијат лекот што им е потребен.
Додаде дека во моментов се работи на законските измени кои треба да ѝ овозможат на државата лекот „трикафта“ да го купи директно од производителот, за истиот да биде набавен по пониска цена, а не по цената од 330 илјади евра по која се продава во моментов.
„Парите веќе се наменски определени, тие се доделени на Фондот за здравство кои потоа оттаму се префрлаат во клиниките што потоа го купуваат лекот и каде што се лекуваат пациентите“, рече Ковачевски.
Ковачевски додаде дека со Асоцијацијата на цистична фиброза било договорено да се направи и протокол и процедури во однос на лекувањето на сите пациенти кои ја имаат оваа болест.
Минатата недела Асоцијацијата за цистична фиброза информира дека почина Благојче Илиевски, најтешко болниот пациент со оваа дијагноза во земјава кој не успеа да го дочека лекот „трикафта“. Предвидено е овој лек засега да го добијат осумте пациенти со цистична фиброза кои се во најкритична состојба, а стремежите се во текот на оваа година лекот да биде набавен за 30 пациенти.
По смртта на Илиевски, премиерот Ковачевски изјави дека за него можело да се направи многу повеќе за тој да го продолжи својот живот, но тоа не било направено поради комплицираната бирократија во нашата земја. Додаде и дека од министерот за здравство Беким Сали побарал да каже да го продолжи својот мандат.
Министерот Беким Сали, пак, изјави дека смета оти Министерството за здравство е најодговорната институција за смртта на Благојче Илиевски. Тој рече дека проблемот со недостигот на терапија за пациентите со цистична фиброза бил навреме пријавен до Владата, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување од кои била побарана поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…