Санкционирани 150 возачи во Скопје: 11 без возачка дозвола
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), информира СВР Скопје.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…
Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…
(Фото) Сообраќајка пред влезот на Клиничкиот центар…
До нашата редакција пристигнаа фотографии од сообраќајна…
Рудниците ги полнат локалните буџети: Речиси една…
Рударските општини во Македонија располагаат со сè…
Велес со нов рекорд: Направена пита долга…
Со сечење на џиновска пита долга 4,4…
Тошковски: Се сомневаме дека зад питачењето во…
Министерството за внатрешни работи истражува дали зад…