Не му е добро: Пендиков прво ги мразел Бугарите, ама кога ја прочитал „вистината“ сфатил дека е Бугарин: Во Македонија не учат лажна историја дека Бугарите се фашисти!
Христијан Пендиков за прв пат ексклузивно застана пред камерата на „bTV“, при што раскажа за нападот врз него во Охрид и истакна дека сонува да се врати во Македонија и да каже дека е Бугарин, притоа никој ништо да не му направи.
Секретарот на бугарскиот клуб во Охрид тешко зборува, бидејќи по операцијата му е поставена шина која треба да ја носи уште еден месец.
Вели дека претходно не сакал ниту една од соседните земји:
„Не научија таква приказна дека само Србите ни се браќа и сите други сакаа нешто лошо да и се случи на Македонија“.
Веќе неколку дена Пендиков има деноноќна полициска заштита. Добива слики од оружје и закани дека луѓето ќе дојдат во Бугарија.
– Мајка ми постојано добива закани. И пишуваат коментари дека ќе ја убијат, дека сме предавници, дека треба да се иселиме од Македонија, дека не сме за таму. Сонувам дека еден ден ќе можеме да се вратиме во Македонија, да можеме безбедно да кажеме дека сум Бугарин и дека никој ништо нема да ми направи – не само мене. На сите нас кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари – нагласува Пендиков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во Јегуновце се шири кон Бојане…
Активен шумски пожар избувна на територијата на…
Земал 200 евра за наводно лекување на…
Основното јавно обвинителство во Тетово поведе постапка…
Ангелов: Три „ер трактори“ се борат со…
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце,…
Приведено лице од Бучим, при преглед на…
На 13.08.2026 година, на магистралниот пат Радовиш–Штип,…
Тачи: Нема документ за поделба на Македонија,…
Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит…