(Фото) Комедија: Затвореник се обидел да избега од затвор преправен во овца
Затвореникот Хозе Луис Калисаја Дијаз се обидел да побегне претходно овој месец од Чончокор, затвор со максимална безбедност во Боливија, преправен во овца, пренесуваат медиумите.
Познат како „Ел Аранџа“, Дијаз користел овча кожа за да се протне покрај полициското обезбедување и чуварите и, маскиран како што бил, се обидел да се пробие до еден од надворешните ѕидови на затворот.
Обезбедувањето навреме забележало дека Дијаз, кој одлежува 15 години затвор за убиство, не е во ќелијата и набрзо целиот затворски персонал се кренал на нозе.
Фотографиите од неговиот бизарен обид за бегство го покажуваат Ел Аранџа како лази на раце и нозе низ полето додека носи овчо крзно.
Дијаз мислел дека студеното време ќе му помогне да избега, изјавија затворските власти.
Властите наредија правни и дисциплински мерки против Дијаз по неговиот обид за бегство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…
Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…
Запленети 7,2 тони кокаин во вредност од…
Боливиската полиција заплени повеќе од 7,2 тони…
ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ПЕКОЛ – осомничените ги…
Таткото и останатите осомничени за киднапирањето и…
Во Битола приведена скопјанка барана со шест…
Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници…