По бурните реакции, министерката за култура ги повика сите незадоволни да поднесат жалба
Партиска припадност никогаш не била и нема да е критериум на овој конкурс за финансирање проекти од јавен и национален интерес. Никогаш повеќе ова Министерство нема да одлучува по партиски клуч, онака како што беше до пред неколку години, како што сите паметиме дека тоа се случуваше, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска по брифингот со медиумите.
Според неа, секој квалитетен проект за кој Комисијата ќе одлучи дека е квалитетен, треба да се поддржи.
-Никогаш да не се гледа на индивидуалност, да не се гледа на партиска припадност, како што сум сигурна дека тоа комисиите ниту за овој повик не го правеа, нагласи Костадиновска – Стојчевска.
Во однос на издавачите, министерката за култура потенцира дека тече времето за поднесување жалби. Рокот за поднесување жалби е 15 дена.
-Ги повикувам сите кои сметаат дека на било кој начин биле обесправени, откако ќе ги добијат своите решенија и имаат забелешки по однос на одобрени проекти и сума, да поднесат жалба. Комисијата сето тоа добро ќе го разгледа и ќе одлучи по однос на нивните жалби, рече министерката за култура, апелирајќи до сите да го искористат овој правен механизам.
Изминатиот период имаше реакции во однос на конкурсот за финансирање проекти од јавен и национален интерес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Сообраќајка пред влезот на Клиничкиот центар…
До нашата редакција пристигнаа фотографии од сообраќајна…
Рудниците ги полнат локалните буџети: Речиси една…
Рударските општини во Македонија располагаат со сè…
Велес со нов рекорд: Направена пита долга…
Со сечење на џиновска пита долга 4,4…
Тошковски: Се сомневаме дека зад питачењето во…
Министерството за внатрешни работи истражува дали зад…
Ѓорѓиевски: Ги враќаме во функција старите градски…
По долгогодишна запуштеност, повторно ќе бидат ставени…