Арсовска: Град Скопје ќе распише јавен повик за користење на спортските сали, веќе никој нема да биде привилегиран

t

Со цел да се спроведе систем во кој нема да има привилегирани Градот Скопје ќе распише јавен повик за користење на спортските сали на Град Скопје, објасни на денешната седница на Советот на Град Скопје градоначалничката Данела Арсовска во одговор на советничко прашање на координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска.

– Вие една минута не сте се засекирале за децата во Ѓорче Петров, таа одлука вие ја донесовте во овој Совет, а таму има градоначалник кој ако сака може да им овозможи да тренираат во салата. Во овој град се отпочна со системски решенија и нема да ги поништите истите ако лажете од оваа говорница. Ќе биде објавен јавен повик и ќе можат да се пријават сите оние кои сакаат да ги користат спортските сали на Град Скопје, нема да има привилегирани, некој да тренира, некој не. На никој ништо не му е одземено, тоа што се обидовте да терате политика на грбот на децата што тренираат исто така е срам и тоа е ваш срам.

Таа одлука се донесе тука во Советот на Градот Скопје за да се спроведе неккаов ред и во тој ред да нема привилегирани. Претсанете со политиканствто, знае македонската јавност што правите, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…