Арсовска: Започната е постапка за решавање на ситуацијата со билбордите и светлечките реклами – Планираме да го обесштетиме Градот
Отпочната е постапка за билбордите и светлечките реклами низ градот, не само пред Град СКопје туку и пред судските инстанци и Комисијата за заштита на конкурентноста бидејќи се утврдени прекршувања, објасни на денешната Седница на Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска.
– Детектирано е ова коешто го посочивте, отпочната е постапката не само од Град Скопје туку и од Комисијата за заштита на контуреноста кадешто штетата е детектирана и се очекува финална пресуда од нивна страна. Што се однесува до Град Скопје соодветно ќе бидат покренати и постапки и тужби, најавено е раскинување со коешто сакаме да ја превенираме и штетноста која е предизвикана и се предизвикува од овој договор и соодветно низ институциите планираме да ја решиме, меѓутоа планираме и да го обесштетиме градот, односо оние средства за кои Градот и Буџетот се оштетени од овој договор, да се вратат.
Ова е нешто навистина сериозно, постапката е во тек, дел е пред инстанците на судот, дел пред остатаните институции.
Ќе направиме се она што го оштетувало буџетот да се вратат тие средства бидејќи тие се средства на граѓаните и не се средства кои треба да одат во приватни џебови.
Во изминатите три месеци имавме екипи на терен и ги детектираа билбордите, што се однесува до делот за преносот тоа моментално се утврдува и доколку има простор ќе има соодветна постапка, објасни Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…