Владата го разреши Владимир Кроневски од директор на ЈП Службен весник, за в.д. директор е именувана Кристина Јоакимовска
Портпаролот Арсовски информираше за дел од заклучоците од 129 седница на Влада како што е Информацијата за воспоставување Систем за следење и контрола на тутунски производи и на Систем за следење и контрола на нафта и нафтени деривати – Track&Trace, со препораки за начинот на имплементација во Република Македонија.
Тој информира дека системот има за цел да обезбеди следење и контрола во сите фази на нивното движење до првото малопродажно место.
На предлог на вицепремиерот за економски прашања, Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за проектот за првиот дигитален асистент во јавниот сектор во нашата земја, базиран на вештачка интелигенција- АДА, дизајниран за потребите на програмите за државна помош.
Со воведувањето на ваквиот дигитален асистент, се очекува дека ќе се автоматизираат до 80 проценти од сите интеракции со корисниците, што ќе придонесе до голема заштеда на ресурси, проактивна комуникација со граѓаните, намалување на метежот во институциите, поефикасни и поефективни процеси, услуги, зголемување на продуктивноста на вработените“, подвлече Арсовски.
Тој информираше дека е донесена одлука за разрешување на Владимир Кроневски од должноста директор на ЈП Службен весник на Република Македонија, а за в.д. директор е именувана Кристина Јоакимовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…