Министерот Спасовски на прием по повод Денот на независноста на Косово

t

На покана од Амбасадорот на Република Косово во Република Македонија, Н.Е. Флориан Џехаја, присуствував на прием по повод 15-годишнината од независноста на Република Косово, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук.

„Одличните билатерални односи со Косово се во насока на остварување на заедничките интереси на Западен Балкан – стабилен, безбеден и економски просперитетен регион.

Како две пријателски земји имаме одлична соработка на сите нивоа, со можности за продлабочување на нашите меѓусебни односи, во насока на реализирање на приоритетите на Владата, но и на МВР за активна размена на информации, зајакната соработка меѓу граничните служби и, генерално, меѓу полициите на двете земји.

Упатувам срдечни честитки до граѓаните на Република Косово, претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, по повод Денот на независноста на Република Косово“, наведе Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…