Сорос: Поразот на Москва во Украина ќе доведе до колапс на „Руската империја”
Милијардерот Џорџ Сорос, смета дека доколку Русија биде поразена во војната во Украина, тоа ќе резултира со колапс на, како што рече, „руската империја“, што според него ќе биде добредојдено кај поранешните советски републики.
Руската инвазија на Украина на 24 февруари предизвика еден од најсмртоносните конфликти во Европа од Втората светска војна и најголемата конфронтација меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.
Сорос тврди дека САД ќе ја поддржат Украина, но дека претседателот Џо Бајден го предупредил Украинецот Володимир Зеленски дека има граници и дека мора да се избегне трета светска војна. Сорос не го откри изворот на својата информација.
Тој изјави дека руската армија е лошо водена, слабо опремена и деморализирана, но дека претседателот Владимир Путин се обратил кон платеничката група на Вагнер за да ја спречи украинската армија.
„Земјите од поранешниот Советски Сојуз едвај чекаат да ги видат Русите поразени во Украина, бидејќи сакаат да ја потврдат својата независност“, ќе рече Сорос на Конференцијата за безбедност во Минхен, според текстот на неговиот говор објавен од неговиот кабинет.
„Ова значи дека украинската победа би резултирала со колапс на руската империја. Русија повеќе нема да претставува закана за Европа и светот. Тоа би било голема промена на подобро“, рече тој.
По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, нуклеарната суперсила се подели на 15 независни републики, иако Русија останува убедливо најмоќна од нив и сопственик на најголемиот нуклеарен арсенал во светот.
Путин тврди дека војната во Украина е егзистенцијална битка со агресивен и арогантен Запад, нагласувајќи дека Русија ќе ги искористи сите расположливи средства за да се заштити себеси и својот народ од каков било напад.
САД ги негираат тврдењата на Кремљ дека сакаат да ја уништат Русија, најголемиот светски производител на енергија.
Сорос смета дека потпирањето на Путин на платеничката група на Вагнер, основана од Евгениј Пригожин, изгледа дека функционира на краток рок.
Украина беше соочена со стратешки избор: или да го задржи Вагнер подалеку од своја територија или да и даде на Русија пропагандна победа и да ги зачува нејзините ограничени ресурси за контранапад“, изјави Сорос.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…