Куновска: А холандскиот амбасадор практично да ни покаже како изгледа тоа- да зине и со затнат нос да голтне од тоа смрдежот?

t

Ако се вака неподносливо, уличарски насртливи надвор од Уставот, какви газди ќе ни станат Бугарите ко ќе ги внесеме, во редот до нас, како конститутивен народ (не сакаат како малцинство), а тие нас не нѐ признаваат – не постоиме како Македонци и тоа во нашата земја, ниту македонското малцинство во нивната држава?

Да не зборуваме за реципроцитет, како акт на чиста политичка пристојност. Оној кој те признава, согласно твојата идентитетска определба и те внел како таков во неговиот Устав, да го внесеш и ти во својот. Чисто како меѓусебно почитување, како знак за добро-државни односи.

Тоа за Бугарите не важи. Тие диктаторски нѐ условуваат со непречење на нашиот влез во ЕУ, само ако ги удоволиме нивните агресорски геноцидни соништа, после што, како „един народ“ – бугарски, со македонската земја проширена Санстефанија, ќе се осуниме како некои други, во некоја Европа…

Притиснати со тежок вербален и физички игнорантски манифестиран политички примитивизам од страна на официјална Софија, треба да сме свесни дека нивното додадено и од внатре делување, можеби и од парламентот, за што од петни жили настојуваат, ќе им ги ојача негаторските позиции, позасилено да нѐ тероризираат и матираат со уште позачестени и појаки бодежи, до наше целосно истиснување.

Власта остана глува во заштитата на домашните Македонци. И додека со недозволени отстапки го поддржува бугарското малубројно малцинство во Македонија, отворено го игнорира – се откажа од македонското малцинство надвор од границите. Усогласени се со странските платени чиновници, кои, единствено заинтересирани за сопствената кариера, кој како дојде и намине, како камшикари, без почит првенствено кон самите себе, ни ја препрочитуваат истата порака – неопходноста од внесување на Бугарите во нашиот Устав!

Се оди до таму што нас, Македонците, простачки грозоморно нѐ третираат како отпадници од човечкиот род. Се осудуваат до толку да нѐ принудуваат и понижат, што ни препорачуваат – да зинете, да го затнете носот и да го голтнете смрдежот… А тој смрдеш е бугарското барање да влезат во нашиот Устав.

Треба коментар!?

Но, бидејќи сме глупави и кажаното не го сфаќаме, најдобро е лично холандскиот амбасадор, практично да ни прикаже како изгледа тоа, што нам ни го предлага. Па да зине и со затнат нос и да голтне малку смрдеж.

Ете така… Поинаку човек не би можел да му се заблагодари и врати за искажаната гадост.

Не бива тоа – резилакот во кој што тонеме, луѓе!

Целата колумна на Јагнула Куновска прочитајте ја тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено тело на машко лице по гаснењето…

Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна…

Бугарската опозиција бара оставка од шефот на…

Пратеничката група на „Демократска Бугарија“ бара оставка…

Кочанец ѝ се заканувал на делчевка по…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела…

Хорор во Охрид: Ја тепал девојката до…

Ужас го потресе Охрид, откако триесет и…