Арсовска најави нов кружен тек и булеварско решение во Ѓорче Петров: Целосно нова велосипедска мрежа, пешачка патека, зеленило, осветлување…
Градот Скопје отпочна со проектирање на два важни проекти ветени во програмата За модерно Скопје, за изградба на нов кружен тек и булеварско решение на “Македонска Војска” во Ѓорче Петров. Нов кружен тек на важната крстосница под надлежност на Град Скопје меѓу булевар “Македонска војска“ и улица „Ѓорче Петров“ е исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните кое досега не е ниту отпочнато со реализација, објави градоналалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
– Со изградбата на овој кружен тек ќе се растерети сообраќајниот метеж на оваа раскрсница, а воедно ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Со проектот планирана е изградба на кружен тек и коловозна површина од 11.700 метри квадратни, изградба на нова велосипедска мрежа од 2.700 метри квадратни и пешачка патека од 4.100 метри квадратни.
Важно е континуирано да се подигнува и ново зеленило, садници и партерно уредување, затоа предвидена е нова зелена површина на 2000 метри квадратни, со соодветно јавно осветлување и водоводна мрежа. Градот Скопје ги реализира проектите од програмата која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура. – потенцира Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…