“Скопската влада” прави смао маневар со средбата со “македонските Бугари”, тврди бугарски историчар

t

Бугарија не треба да биде голем оптимист дека по средбата на претставници на македонските Бугари со министерот за надворешни работи Бујар Османи нешто ќе се смени во нивните животи, вели бугарскиот историчар и член на Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките, Воин Божинов во интервју за „Бугарија ON AIR“.

Според него, се работи за маневри на „скопската влада“ со цел да не ги реализира преземените обврски кои, вели се многу лесни за исполнување бидејќи не барале којзнае какви отстапки од страна на властите во Скопје.

Историчарот смета дека секој напад врз граѓанин на РСМ, кој јасно ја изразува својата бугарска самосвест, на еден или на друг начин е координиран со локални и централни фактори во власта на земјата.

– Сѐ ќе се заборави, ќе се стави под тепих, ќе се дадат некакви проформа објаснувања и на крајот ќе излезе дека господинот Пендиков самиот се претепал. РСМ е во длабока политичка криза, до некаде и подлабока отколку кај нас, затоа што таму има и многу тежок национален фактор. Сепак, северномакедонизмот во лицето на власта цврсто ја следи својата линија на антибугарска кампања , вели Божинов.

Тој се надева дека бугарските властите ќе се обидат да се спротивстават на скопските провокации со предупредување до партнерите дека историските факти што ќе бидат „искривени“ од македонска страна.

– Во Скопје има многу луѓе кои се заинтересирани РСМ да остане на едно место, приврзана кон северниот сосед. Но со текот на времето влијанието на Република Србија во РСМ се намалува од чисто генерациски причин“, објаснува Божинов.

Неговиот став е дека ветото како алатка Бугарија не го искористила до крај бидејќи дошла владата на Кирил Петков.

Во интервјуто тој го коментира и законот во Македонија за промена на имињата на бугарските клубови во Охрид и вели дека „тоа ќе биде многу добар тест за односот на европски партнери по прашањето за правата на Бугарите во Македонија“.

Божинов исто така го коментира односот на Американците и според него, тие не само што се обидуваат да бидат арбитер во односите меѓу Бугарија и РМ, туку директно се мешаат во балканските работи на штета на Бугарија. Сепак, смета дека исклучително е важно да се зајакнат западните позиции на Балканот, бидејќи влијанието на Русија е големо, а сериозното руско влијание може да им наштети на американските интереси во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…