Грнчаров: Вардар е како феникс – со нашите Комити зад нас не постои цел која не можеме да ја оствариме!
Најтрофејниот македонски клуб Вардар ги заврши подготовките за пролетниот дел од сезоната и сега е фокусиран кон мечот против Арсими во Втората македонска лига.
Тренерот на „црвено-црните“, Бобан Грнчаров кажа дека мотивирани го чекаат вториот дел од првенството, иако екипата веќе некое време се соочува со проблеми.
„Без оглед на состојбата во клубот со која се соочуваме периодов, подготвени и мотивирани го дочекуваме почетокот на вториот дел од првенството во Втората лига и натпреварот против Арсими утре од 14 часот. Максимално верувам во квалитетот и карактерот на овие момци и убеден сум дека и покрај сите проблеми со кои се среќаваме ќе бидеме фокусирани и желни да успееме во својата цел која останува непроменета, да го вратиме најтрофејниот клуб во Македонија таму каде што припаѓа“, кажа Грнчаров.
Грнчаров посочи дека е зачуван голем дел од екипата, но и засилен на одредени позиции.
„Сочуван е голем дел од екипата и квалитетно засилен на одредени позиции. Почнувајќи од утрешниот натпревар секој следен ќе биде финале за нас, и токму на таков начин ќе пристапуваме кон секој предизвик.Сите играчи се здрави и во комбинација за натпреварот, со исклучок на Дарко Размоски кој одработува суспензија поради картони“, вели тренерот на Вардар.
Предводникот на Вардар, исто така, ги покани навивачите да им дадат поддршка во првиот меч од пролетниот дел од сезоната.
„Ги поканувам сите навивачи на Вардар во што поголем број да дојдат утре од 14 часот на стадионот во Автокоманда и да ги поддржат овие момци, со нашите Комити зад нас не постои цел која не можеме да ја оствариме, а ние ќе се оддолжиме со пристап на теренот достоен за најтрофејниот клуб во државата“, порача Грнчаров.
Вардар во моментов се наоѓа на втората позиција во лигата со 36 бодови, односно еден помалку од лидерот Гостивар, како и два повеќе од третопласираната Воска Спорт.
Натпреварот меѓу Вардар и Арсими се игра во Автокоманда во сабота од 14.00 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заболени од западнонилска треска расте,…
На денешната прес конференција, министерот за здравство…
(Видео) Претседател на албански клуб расфрли вреќа…
Првиот човек на Динамо Тирана, Ардиан Барди,…
Чешка нуди помош за решавање на спорот…
Чешка е подготвена да помогне во барањето…
Митески: Има заболени од западнонилска треска во…
Во Општина Аеродром има граѓани заболени од…
(Фото) Пациент од Охрид со владиниот авион…
Пациентот Д. Н. од Охрид, кој се…