Објавено на:

ИСКОРИСТЕТЕ ГО ВРЕМЕТО: Во недела температури до 20 степен

t

На повеќе места во земјава в недела дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и умерен до засилен ветер од северозападен правец, а од вторник повторно следува стабилно и потопло време.

Сончево и топло со мала, a во југозападните делови умерена облачност, ќе биде и во текот на утрешниот ден.

-Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени, информира УХМР.

Во Скопје утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 16 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЕОФИЦИЈАЛНО: Полицијата повторно во акција за примање…

Во Скопје, во полициска акција, неофицијално е…

Драма во основно училиште кај Бит Пазар:…

14-годишник се здобил со расекотина во пределот…

МАКЕДОНИЈА ИМА СВЕТСКИ ШАМПИОН – ГЛИГОР НИКОЛОВ…

Струмичкиот борец Глигор Николов, член на клубот…

Премиерот Мицкоски ќе се обрати на Генералното…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…

ФРАНЦИЈА СТРАВУВА ОД АМЕРИКАНСКА ЗАБРАНА ЗА ИЗВОЗ…

Можната американска забрана за извоз на дизел…