Бесими: Ако до понеделник не се реши проблемот на ФЗО платите за здравство ќе се исплатат од Трезорот

t

Изнајдено е решение за исплата на платите во здравството, дури и ако до понеделник не се реши проблемот со системот на Фондот за здравство.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, во гостување на националниот сервис МТВ, рече дека доколку до понеделник ФЗО не го реши проблемот со хакираниот систем, средства ќе бидат префрлени директно од средствата на централниот трезор, а понатаму ќе се изврши порамнување со Фондот.

– Очигледен е техничкиот проблем со системот во ФЗО, и тоа е хибридна војна која не се случува само кај нас, следствено на тоа и со исплатата на платите за здравствените работници. Доколку набрзо (зборувам за ден два) не се отстрани проблемот со системот на ФЗО, платите ќе се исплатат од Трезорот, а понатаму ќе се направи порамнување со буџетот на ФЗО. Мора да нагласам дека ФЗО има друг систем на исплата од трезорот па затоа е проблемот. Ова е вон редовните процедури, но е во рамки на законот – рече Бесими.

На прашањето дали има доволно средства за исплата на платите на здравствениот сектор, министерот истакна дека буџетот е ликвиден, како и дека приходите во буџетот од почетокот на годината заклучно со средината на февруари се повисоки за 10 отсто во однос на истиот период лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Ги враќаме во функција старите градски…

По долгогодишна запуштеност, повторно ќе бидат ставени…

Протести во Њујорк откако агент на миграциската…

Стотици демонстранти излегоа на улиците на Њујорк…

„Ќе продолжат да тонат“: Мицкоски за убедливата…

Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше резултатите од…

Змии и гуштер шверцувани под седиште: На…

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, во…

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо…

Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ…