Захарова: Русија ја поддржува Србија во одбраната на нејзините државни интереси!

t

Соработката на Русија и Србија се гради на принципите на меѓусебно разбирање и почитување, кажа портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа потврди дека Русија целосно ја поддржува Србија во одбраната на нејзиниот суверенитет и територијалниот интегритет, пренесуваат српските медиуми.

„Русија ја поддржува Србија во одбраната на нејзиниот суверенитет, територијалниот интегритет и државните интереси. Во тој контекст, Москва ја поддржува Србија околу прашањето на Косово, кое треба да биде решено во согласност со меѓународното право и одлуките на Советот за безбедност на ОН“, истакна таа.

Захарова додаде дека Москва многу ги цени исклучително добрите односи со Србија.

„Се залагаме оваа соработка да зајакне уште повеќе, заснована врз принципот на меѓусебното почитување и земањето предвид на интересите на двете страни. Соработката на Русија и Србија е стратегиска и Москва сака таа да продолжи и во иднина“, кажа Захарова истакнувајќи дека на 23 февруари се одбележува 185-годишнината на воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

„Духовната блискост на нашите два народи беше основа за развојот на нашите односи, кои се градеа на разбирањето и меѓусебната почит. На овие принципи и денес ја развиваме соработката со Србија, која ја оценуваме како стратегиски важна. Отвореноста и редовните разговори за најважните теми меѓу Москва и Белград се главните карактеристики на нашата соработка“, кажа Захарова.

Важна улога, како што додаде, имаат трговските и културните врски, но и соработката на меѓународната сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…