Значи тешко нас: Директорката на ММФ задоволна од спроведувањето на економските политики на македонската влада

t

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Кристалина Георгиева, првиот човек на ММФ, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено – Басо, соопштија од Владата.

Премиерот Ковачевски, велат оттаму, се заблагодарил на ММФ затоа што во Северна Македонија препозна здрав економски фундамент.

Директорката на ММФ, Георгиева, како што пишува во владиното соопштение, искажала задоволство од спроведувањето на економските политики на Владата, како и од користењето на Линијата за претпазливост и ликвидност (Precautionary and Liquidity Line – PLL) која е наменета исклучиво за земји што имаат здрава економија и здрави економски политики. Од Владата подвлекуваат дека само земји со позитивни оцени од последната мисија на ММФ може да се квалификуваат за користење на овој инструмент.

На средбата, премиерот Ковачевски истакнал дека фокусот на фискалната политика е во насока на поддршка на стандардот на граѓаните и на стопанството, согласно предизвиците што ги наметна ценовната и енергетската криза.

На среден рок, определбата на Владата е насочена кон постигнување одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи, информирал тој на средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами: Не сме за предвремени избори, но…

Градоначалникот на Тетово и еден од ко…

Германска државјанка пронајдена почината во хотел во…

МВР информира дека доцна синоќа во 23.40…

(Фото) Падна првиот снег во Македонија

Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување…

Во Велика Британија ќе биде формирана единица…

Британскиот премиер Енди Барнам во говорот пред…

РУДАРЕЊЕТО ВЕЌЕ НЕ ЈА ЗАДОВОЛУВА ПОБАРУВАЧКАТА НА…

Бакарот е клучен критичен минерал чија растечка…