НАТО: Ако Путин ПОБЕДИ, светот ќе биде поопасен, ние поранливи

t

Победата на Русија во конфликтот во Украина е поопасна за НАТО отколку ризикот од ескалација, изјави генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг.

„Многумина стравуваат дека поддршката што ѝ ја даваме на Украина може да доведе до ескалација на конфликтот. Да бидеме јасни – нема опции без ризик. Но, најголемиот ризик ќе биде доколку Путин победи“, рече Столтенберг.

Во исто време, тој повика на зголемување на производството на оружје и испорака во Украина. Генералниот секретар формулираше три „лекции од конфликтот во Украина“ за НАТО.

„Ако Путин победи во Украина, пораката до него и до другите авторитарни лидери ќе биде дека можат да употребат сила за да го добијат она што го сакаат. Ова ќе го направи светот поопасен. А нас поранливи“, рече тој

Прво, според него, НАТО треба да продолжи сеопфатно да ја поддржува Украина за да ја спречи Русија да победи.

Тоа ќе биде исклучително опасно за нас“, рече Столтенберг. Второ, нагласи тој, НАТО треба сеопфатно да се вооружува, да ги модернизира сопствените сили и да ги зајакне односите меѓу европските земји и САД, подготвувајќи се за конфронтација со Русија, која, според него, „нема да заврши по конфликтот во Украина“ без оглед на развојот на настаните.

Трето, Столтенберг повика на зајакнување на отпорноста на западното општество, вклучително и безбедноста на инфраструктурата, сајбер безбедноста и доминацијата во информациската сфера, која НАТО ја нарекува „спротивставување на дезинформациите“.

Претходно Столтенберг изјави дека Алијансата се подготвувала за конфликтот во Украина од 2014 година. Тој посочи дека руската специјална операција „не ја променила Алијансата“, туку дека само покажала колку е значајно зајакнувањето на колективната одбрана што била спроведена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…