Боки 13 вратен во затворот во претканцерогена состојба – адвокатот тврди дека во затворот му се ризикува неговиот живот!
Повторно се огласија од правниот тим на Бојан Јовановски со прекар Боки 13, од каде потенцираат дека тој од болничко лекување е вратен во затворот „Идризово“ во пред канцерогена состојба.
– Ваквото постапување е спротивно на препораките дадени од десетици лекари кои го лекуваа Јовановски во изминатиот период, спротивно на конзилијарните мислења и лекарските извештаи. Во нив јасно стои дека без прекин на казната, услови за лекување на метаплазието на желудник не може да се спроведе во пенални услови, а со оглед на специфичната состојба во која се наоѓа – се наведува во соопштението испратено до редакцијата.
Од правниот тим посочуваат дека предканцерогената состојба на Јовановски имаат хистопатолошки наод од Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје каде се констатира: „Наодот одговара за хроничен гастритис со фокуси на интестинална метаплазија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…
54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка
На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…
ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата
Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…