Медведев: Забавно е како толку неуки луѓе ја водат Европа
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави, коментирајќи ја изјавата на шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, дека Москва треба да направи пресврт од „360 степени“ во политиката, дека е добро што Европа е управуван од такви неуки луѓе.
„Многу е забавно што таквите неуки ја водат Европа. Аналена Бурбок изјавила дека би била среќна доколку Москва го промени ставот за 360 степени. Односно ако го остави таков каков што е. Не се сомневајте, знаеме геометрија, така и ќе биде. Ние остануваме на нашиот став“, напиша Медведев на Твитер.
Претходно во саботата, на панел-дискусијата на конференцијата за безбедност во Минхен, Бербок изјави дека верува оти Москва може да сврти „360 степени“ и да го израдува целиот свет, исто како Германија, која од неутралност премина на снабдување со оружје за Киев.
Конференцијата во Минхен беше отворена во петокот, а Русија веќе втора година не учествува на неа, без оглед на стравувањата на голем број политичари и експерти дека изградбата на безбедноста и стремежот за мир се невозможни без дијалог со Москва. Централна тема на конференцијата е кризата во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…