Вучиќ планира до 20 октомври да отвори “огромна фантастично опремена и најмодерна” железничка станица во Белград
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово со министерот за финансии Синиша Мали ги посети работите на изградбата на железничката станица Прокоп и изрази задоволство што работите напредуваат.
Во објава на Инстаграм, Александар Вучиќ изјави дека работата во Минхен е завршена, а тој во текот на денот ќе замине за Абу Даби. Тој изјави дека е задоволен од напредокот на работите на Прокоп.
„Среќен сум што овде напредуваат работите на Прокоп, на главната железничка станица во Белград, благодарен сум на Синиша Мали што ме снимаше, благодарен на Груја и неговата компанија што завршија одлична работа и очекувам дека на 20 октомври, Денот на ослободувањето на Белград, ќе отвориме прекрасна железничка станица“, рече Вучиќ.
Тој во видеото вели дека станува збор за десетици илјади квадратни метри нов простор, „фантастично опремен простор за модерен Белград, за модерна Србија и конечно да се вратиме на железницата и на најдобрите возови“, вели Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…