МВР со полни раце работа: Десетина апсења низ Скопје, одземена дрога

t

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 01:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода А.Д.(33) од Велес. Кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 02:20 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 01:20 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Ш.(42) и И.Х.(26), двајцата од Скопје затоа што кај З.Ш. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.02.2023 во 20:20 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Ј.(51) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.02.2023 во 23:20 часот во Градскиот парк на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Х.С.(19) од село Трубарево, скопско, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.02.2023 во 22:20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(40) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.02.2023 во 18:50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Џ.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.02.2023 во 20.20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(41) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…

Полицијата во периодот од 24 до 26…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…